Во стопанството вратени 139 милиони евра

Bez autora
Dec 27 2012

Министерството за финансии врз основа на доспеани државни хартии од вредност вчера врати во стопанството 1.505 милиони денари (25 милиони евра). Оваа практика, соопштија од Министерството за финансии, ќе продолжи и во првиот месец од следната година, кога врз основа на доспеани записи ќе исплати во стопанството 7 милијарди денари (114 милиони евра). Средствата што се прибираат во буџетот со издавање државни хартии од вредност се враќаат повторно во економијата со исплатата на оние што ги купиле записите или директно со исплати на државата на фирмите за поврат на ДДВ, за субвенции на земјоделците, за плаќање на градежните фирми за извршени работи, за изградба на училишта, болници итн.

Во стопанството вратени 139 милиони евраМинистерството за финансии врз основа на доспеани државни хартии од вредност вчера врати во стопанството 1.505 милиони денари (25 милиони евра).

Оваа практика, соопштија од Министерството за финансии, ќе продолжи и во првиот месец од следната година, кога  врз основа на доспеани записи ќе исплати во стопанството 7 милијарди денари (114 милиони евра).

- Средствата што се прибираат во буџетот со издавање државни хартии од вредност се враќаат повторно во економијата со исплатата на оние што ги купиле записите или директно со исплати на државата на фирмите за поврат на ДДВ, за субвенции на земјоделците, за плаќање на градежните фирми за извршени работи, за изградба на училишта, болници итн, се појаснува во соопштението.

Меѓународните институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд оддадоа признание на фискалните политики на Република Македонија во оваа сфера оценувајќи ја како ниско задолжена земја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik